Дали карбинските училишта се топлат со најскапи огревни дрва?

Метар кубен огревни дрва по цена од осум илјади денари. Карбинските училишта снабдени со дрва по енормно виоска цена. Набавени се над 70 метри кубни дрва, ама како што вели градоначалникот Паунов добиени се 105 метри просторни огревно дрво. Според него училиштата во Карбинци не се греат на најскапи дрва, бидејќи цената од 8000 денари се однесува на метар кубен, а 5600 денари е реалната цена на метар просторен, како што впрочем и добиле дрва.

„Општина Карбинци и основното училиште Страшо Пинџур имаме склучено договвор по јавна набавка, распишана по трет пат, бидејќи двапати заврши како неуспешна. Во овој момент цената која ја имаме ние склучено со операторот за огревно дрво изнесува по 5600 денари по метар прострен. Тоа значи дека еден кубик изнесува 1,43 метри просторни или да сумирам набавката која ја имаме набавено од 74 кубика сме добиле 105 метри просторни. За да биде јавноста точно информирана се работи за цена од 5600 денари по метар просторен со влучување на транспорт до подрачните училишта кои пред сѐ се во плачковичкиот регион.“ – кажа Пуанов.

Според Паунов ова е една од најскапите набавки на дрва до сега, но таа цена ја диктира моменталната ситуација во државата.

„Оваа набавка е во овој момент според сите стандардни цени во држвата, не е најскапа набавка по училиште, но е скапо поради самата инфлација во државата. Последната година имаме серизони предизвик со цените“ – додава Паунов.

Претходно двапати се распишуваше јавна набавка за огревно дрво, која беше неуспешна бидејќи немаше понуди од страна на фирми. По третпат набавка е успепшна, со што училиштата се обезбедни за грејната сезона. Паунов истакна дека се искористиле и дрвата останатати од претходната грејна сезона, а дополнително се работи на изнаѓање алтернатива за греење на училиниците во подрачните училишта на теритроија на Општина Карбинци.

Лаура Стојанова М-Нет