
Со две аутистични деца, од кои едното оди на училиште, а другото приморан да го чува дома, поминува секојдневнието на штипјанецот Зоран Мијалков. Со големи сили, тој се снаоѓа како знае и умее. Оди на работа, го носи едното дете на училиште, се враќа се грижи за другото, ги храни, шета и како зеница во очи ги чува секој ден. Нема занего празник и делник, секој ден товарот е врз него. Училишен асистент, за среќа има помалиот син, бидејќи оди на учичиште, поголемиот останува од второ одделние дома и без асистент, бидејќи има поголема инклузија. По повод светскиот ден на аутизмот, Мијалков за М-Нет телевизија вели предизвиците во Македонија за него се големи. Проблем вели е што нема најосновно регистер за овие лица, а без него не може ништо да се направи.
Зоран Мијалков, родител на деца со аутизам
,,Во нашата земја предизвиците за жал се многу, затоа што скоро ништо немаме за нашите деца, како и за нас родителите и фамилиите, како што има во нормалните земји. Чисто пример да ви кажам зошто сме дно еве нема регистер. Колку деца со аутизам и возрасни има во Македонија нема да знаат, бидејќи нема регистер. Без регистер не можеш да направиш ништо. Моето поголемо дете има одено на училиште до второ одделение, меѓуто тогаш немаше инклузија како сега. Пример мојот помал син имаше среќа затоа што оди на училиште има и асистент, меѓутоа за Петар и неговите генерации немаше и останаа без образование. Со малиот син немам проблем, бидјеќи има училишен асистен и оди на училиште, меѓутоа можам да кажам дека треба да се иселиме сите за да бидем сите овие работи решени во друга земја. “, вели Мијалков
Миајлков, вели дека за среќа барем сега, децата не се отфрлени како порано. Во минатото бе биле повикувани на родендени и заеднички дружби со другарчкињата.
Но, од друга страна тој сега е барем малку среќен, оти добива поддршка од граѓаните, родителите на останатите ученици во училиштето, како и најголема поддршка од градоначалникот Иван Јорданов, со чија поддршка очекува најавениот рехабилитациски центар во градот да биде изграден.
,,Го има тоа, јас од мојот помал син имав среќа да не е така, меѓутоа со Петар и други деца го имаме доживеано и тоа. Тоа зависи од информираноста и на општеството и другите родители, меѓутоа обичните луѓе се освестени и не поддржуваат мегутоа немаат моќ да ни помогнат. Моќта е во институциите и се надевам дека во дадено време тоа ќе се случи, еве има најави за рехабилитациски центар во Штип. Градоначалникот Иван е првиот кој стварно се заложи за тоа, сега се чека од министерството за труд и социјална политика и морам да истакнам дека овој сега заменик министер Гоко мислам дека и е последна надеж кој што вистински сака нешто да направи за нашите деца.
Мијалков тврди дека од година в година нивниот проблем станува потежок. Нема кој да им помогне, да им ги причувам барем малку децата. Повозрасните умираат, за жал понекогаш и родители. Плаќаат вели лекови приватно, бидејќи според него нема регистер.
,,Помош скоро и да нема за овие фамилии. Баш поради тоа што немаме центри, ние родителтие сме изложени на тоа во догледно време да останеме и без работа, затоа што баби и дедовци умираат, а умираат и родители. Оди кон полошо работата, затоа што еве јас сум вработен во билиотеката, меѓутоа ако мојата мајка нема да може да ми помага, а веке не може да ми помага поради болест, може да се слуќи да останам и без работа. Во тој случај не знам од што би живееле јас и моите деца. Исто за утизмот се важни многу испитувања, кои не се покриени од фондот, се е на приватно, а плаќаме цел живот здравствено. A овие испитувања се неопходни за да врз основа на нив да се добие вистинска терапија за да напредуваат децата.
Инаку, Мијалков со голема љубов кон своите две деца, останува цврст со надеж дека сите деца со аутизам, но и со други попречености ќе бидат поддржани, бидејќи како што тој тврди бројот од година во година се повеќе загрижувачки расте.
Иван Митев, М-Нет