
Бројот на овците во 2025 година е намален за 9.2%, додека бројот на свињите е зголемен за 18.5%, ова се должи на последниот извештај од Државниот Заводот за статистика. Според Гоце Серафимов ова се должи поради тоа што нема доволно работна сила за да ја извршуваат оваа работа, односно овчари, како и на проблемот на откупот на млекото и ниската цена на јагнето. Од друга страна бројот на свињите е зголемен за 18.5%, меѓутоа во последно време и цената кај нив стагнира
Каква е ситуацијата во државата имајќи во предвид дека според државниот завод за статистика дури за 9% е намален бројот на одгледување на овци, додека бројот на свињи е зголемен. Што покажува праксата?
„Овците, нема работна сила, нема обчари. Исто така намачување на млекото има сега, исто и цената на јагнето, затоа е малку и потешка таа работа и затоа тие работи се така. Свињатсвото во последните неколку години беше една од подобрите гранки, меѓутоа цената на свињите е малку падната, стагнира. Сто денари е сега живата мера плус 5% данок.“- Гоце Серафимов потпретседател на асоцијација на земјоделци
Според заводот на Статистика бројот на говедата бележи благ пад од 0.9%, особено кај индивидуалните земјоделски стопанства. Кај козите има мал пораст од 3.2%, додека живината е намалена за 10.6%. Овие податоци укажуваат на промени во сточарското производство и предизвици со кои се соочува секторот.
Дајана Сандева, М-Нет