Со два златни и еден сребрен медал се вратија борачите од БК Олимпија од Бугарија, Нисева – најдобра натпреварувачка

Со два златни и еден сребрен медал се закитија младите борачи на БК Олимпија Штип кои учествуваа на Меѓународниот турнир во Јамбол, Бугарија. Младата Андреа Нисева се врати со злато во категорија до 58 килограми до 15 години, а истовремено беше прогласена и за најдобра борачка на турнирот.

„Се борев во категорија до 58 килограми и имав пет борби. Првите четири ги победивсо 10:0 и последната и финална борба ја победив 7:2.“ – рече Нисева.

Со злато од Јамбол се варти и Александар Миланов во категорија до 68 килограми до 17 години.

Среброто заврши во рацете на младиот Леон Стојанов кој во Бугарија на натпреваруваше во категорија до 62 килограми до 15 години.

Во Јамбол учество зеде и Филип Тодоров, кој се врати без медал но се желба за уште поголеми резултати во иднина.

На турнирот настапија 140 борачи од Бугарија, Турција, Молдавија, Украина, Македонија и Романија.

Лаура Стојанова М-Нет