30 ученика од СОУ „Коле Нехтенин“ Штип беа дел од шаховскиот турнир по повод 11 октомври

30 ученика од СОУ „Коле Нехтенин“ Штип денеска беа дел од шаховскиот турнир кој се организираше по повод 11 октомври. Најдобрите играа за прво, второ и трето место. Ова е прв ваков турнир организиран во ова училиште, а домаќините се со тенденција да прерасне во традиција која ќе се практикува во наредните години.

„Во пресрет на 11 октомври, спортскиот клуб од СОУ „Коле Нехтенин“ во соработка со шаховскиот клуб „Нов напредок“ од Штип организираа турнир во шах. Целата на настанот е да ги научиме децата дека треба да се едуцираат во делот на шахот кој како спортска дисциплина е многу корисен за нив оти учат да ја тренираат својата меморија, да донесуваат одлуки, ама шахот е матафора на животот дека човекот не секогаш победува, но и дека не треба да се откажува. “ – вели Шалева.

Да се анимираат младите од една страна и да се доближи шахот до децата од друга страна е главната цел на шаховскиот клуб „Нов напредок“ од Штип. Согласно годишната програма циклусот започна денеска од СОУ „Коле Нехтенин“, а предвидено е да се посетат сите средни училишта на територија на Штип.

„Во нашата програма ние имаме зацртано да организираме шах по школите. Овој циклус на натпревари го почнуваме со „Коле Нехтенин“, а потоа и по другите средни училишта. Целта ни е да ги анимираме младите. Еве денес тука беа 30 учесника, сакаме шахот да го доближиме до младите и да регрутираме млади таленти – шахисти.“ – додаде Јорданов.

Новоформираниот шаховски клуб Нов напредок во Штип организираше турнир во шах и во средното медицинско училиште, но тогаш поводот беше различен.

Лаура Стојанова М-Нет