
По пауза од десет години, ООУ „Ванчо Прке“ Штип обезбеди просторија за дневен престој за 40 дечиња. Целосно е реконструирана прострија во детската градинка во штипско Ново Село. Дневниот престој ќе биде бесплатен за децата, истиот е по барање на родителите кои собираа петиција на почетокот на учебната година, а ќе има обезбедено топол оброк и превоз.
„Се ова во најкраток можен рок го адаптиравме и реконструиравме, ни беа потребни десетина дена. Благодарност до општественоодговорни комапании и физички лица. Продолжениот престој е бесплатен, ќе бидат обезбени учениците со оброк, во тек и јавната набавка.“ – вели Радев.
Просторијата е целосно реконстуирана и во склоп на потребите на децата од прво до трето одделение при ООУ „Ванчо Прке“ Штип. Продолжен дневен престој ќе биде обезбден две смени од 7 часот наутро до 17 часот попладне.
„Една од просториите во Ново Село во детската градинка Вера Циривири Трена и во рамки на просториите кои ги користи училиштето ја реконструиравме со нови елементи, со нови масички и анатомски столчиња за продолжен дневен престој на дечињата од прво до трето одделение. Повеќе од 40 дечиња двосменски ќе бидат со продолжен дневен престој од 7 часот наутро до 17 часот попладне.“ – вели Јорданов.
До наредниот 1 септември се очекува да бидат адапторани четири простории за продолжен дневен престој кои ќе бидат согласно потребите на 120 до 140 дечиња од ОУ Ванчо Прке Штип.
Лаура Стојанова М-Нет