Со водедени новитети и дуално образование започна упсиот на средношколци во Кочани

Двете средни училишта во Кочани кои започнаа со упис на средношколци денес, освен солидно орбразование на идните средношколци, имаат и паралелки за дуално образвонаие кои согласно програмата на Министерството за образование и наука им обезбедуваат стипендија од 3.500 денари на учениците. Во СОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани уписот на средношколци ќе се одвива секојдневно до 30 јуни.

„Од денес па се до 30 јуни нашето училиште е отворено за уписи. СОУ „Љупчо Сантов“ нуди поголем избор од лани, имаме и новитети секако вклучено е и дуалното образование. Оваа година запишуваме три гимназиски паралелки, една гимназиско лабараториско техничар која е дел од дуалното образование, три економски техничар и една бизнис администратор која е исто дел од дуалното образование“ – кажа Данче Костадиновска, професор по македонски јазик и литература.

И СОУ „Гошо Викентиев“ во Кочани нуди дуално образование, како и најдобри можности за идните средношколци.

„Во СОУ „Гошо Викентиев„ има три струки електро, машински и сообраќајна. Сите десет паралелки се стручни, од нив три се дуални паралелки за прв пат оваа година, значи обезбедена е стипендија за сите ученици кои ќе се запишат во тие паралелки“ – истакна Директорот на СОУ„Гошо Викентиев“, Тони Велков.

Средношколците со можност да ги изберат најдоброто за себе и своето образование.

Во СОУ „Гошо Викентиев“ во Кочани најмнбогу интерес од годините наназад учениците покажале електротехничар за компјутерска техника и автоматика и техничар за транспорт и шпедиција.

Лаура Стојанова М-Нет