
Три градови од Истокот без активен ковид случај во моментот. Пехчево, Берово и Пробиштип се три од осумте градови во државата во кои нема ниту еден активен случај на ковид 19. Во штипската модуларна ковид болница хоспитализирани се 9 ковид пациенти од кои тројца имаат потреба од кислородна поддршка, слободни се 42 кревети информираше потпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска. Според информации од министерството за здравство во последните 24 часа од направени 1337 тестирања позитивни се само 4 пациенти, има регистрирано едно починато лице и 14 оздравени пациенти. Во Истокот од државата има 16 активни случаи на ковид 19, и тоа пет во Виница по четири во Кочани и Делчево, два во Штип и еден во македонска Каменица.
Досега во земјата се направени вкупно 835.436 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.540, бројката на оздравени пациенти е 149.642, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 426.
Лаура Стојанова М-Нет