Со ветување за подобар живот на штипјани, СДСМ и Николов ја започнаа изборната кампања

Кандидатот за градоначник од редовите на СДСМ, доктор Сашко Николов и носителот на советничка листа Александар Мишев ја започнаа изборната кампања во Штип. Николов повторно ја побара довербата на граѓаните, но овој пат за цел маднат. Подобар изглед за градот под Исарот и подобар живот за штипјани вети тој на првиот ден од изборната кампања.

„Еве ме денес исправен пред вас со чист образ ја барам вашата доверба за нов мандат за градоначалник на нашиот убав град, зашто сум убеден дека со својата работа во изминатиот деветмесечен период ја исполнив заложбата дадена пред вас“ – кажа Николов.

Главниот фокус ќе биде ставен на инфраструктурни проекти во водоснабдувањето, сообраќајот, управување со отпадот и образованието. Во изборните ветувања не влегува колекторот во Ново село бидејќи како што Истакна Николов истиот ќе биде променет за десетина дена односно пред почетокот на изборите. Мишев надоврзувајќи се на ова истакна дека чест е да се биде носител на победничката листа.

„Како член на идниот Совет на Општина Штип ќе ја наложам целата моја енергија за силен развој на градот и подобар животен стандар за нашите сограѓани. Како Совет ќе продолжиме да ја унапредуваме нашата модерна инфраструктура и континуирано да ги остваруваме нашите определби за подобро утре“ – додаде Мишев.

Прес конференциите на СДСМ ќе се одржуваат за време на пауза во општината што значи дека нема да пречи на извршување на обврските на кандидатот за градоначалник од СДСМ во Штип, Сашко Николов.

Лаура Стојанова М-Нет