
Со богата пригодна манифестација викендов Општина Чешиново – Облешево прослави 20 години од своето постоење. Со гости од државата, Република Бугарија и Република Романија настанот доби меѓународен карактер. На настанот пред многубројната публика се преставија и членовите од фолклорниот ансамбл „Китка“ од Истибање.
Општина Чешиново – Облешево да прерасне во модерна општина се заложбите на Локалната самоупрва. Градоначалникот, Далибор Ангелов, во своето обраќање истакна дека и покрај ковид пандемијата и финансиската криза, општината продолжува да работи посветено и одговорно.
„Горд сум што повтроно стојам овде пред вас на овој посебен ден за сите овде присутни бидејќи ни е пружена прилика заедно да го прославиме сето она што не прави горди да живееме во општина Чешиново – Облешево. Општина Чешиново Облешево се стреми да прерасне во модерна општина за нови можности бидејќи тежнееме да ја унапредиме на сите полиња. И покрај тешки времиња вложивме повеќе енергија да работиме за утше посложни задачи, да бидеме поефикасни“ – вели Ангелов.
На настанот беа доделени и благодарници на општествено одговорни компании, а воедно се прослави и празникот Мала Богородица.
Лаура Стојанова М-Нет