
Се очекува покачување на платите во реалниот сектор, откакото со промената на владата првите индикатори во економијата се позитивни. Според државниот завод за статистика бројката за месец јули за првиот месец на владата предводена од вмро допмне платите продолжија да растат со забрзано темпо, споредбено со изминатиот период, истакна премиерот на државата Христијан Мицкоски и додава дека во изнатите години инфлацијата беше двоцифрена и истата достигаше вредност поголема од 20 проценти, а платата беше обрзвредена.
“Очекувам, бидејќи првите индикатори во економијата со поромената на владата се навистина и за нас изненадувачки позитивни. Што се однесува до платите имаше една теза од поранешната влада од сдсм и дуи дека со нив платите растеле, а со вмро дпмне и коалицијата платите нема да растат. Морам да кажам дека веднаш државниот завод за статистика за бројката која што ја објави за месец јули не само што ги демантираше, туку им испорача и две контра тези. Прво видове дека платите во јули месец, кој што беше прв месец на оваа влада продолжија да растат со исто и забрзано темпо, споредбено со она што се случуваше во изминатиот период, поеднакво дури и побрзо и повеќе“, истакна Мицкоски
Според премиерот денес платата забрзано расте, додека инфлацијата е најниска во регионот во месец август споредбено со август од изминатата година и истата е на ниво 2,2 проценти, а од почетокот на годината заклучно со месец август е помала за 3,5 проценти.
“Кога се ограбуваше буџетот на грбот на граѓание, инфлацијата беше двоцифрена и некогаш таа инфлација достигаше вреднос поголема од 20 проценти и платата која што ја зимаа граѓаните беше обрзвреднувана. Денес платата повторно расте со истата динамика па и забрзано, но инфлацијата е најниска во регионот во месец август споредбено со минатата година и таа е на ниво 2,2 проценти, а од почетокот на годината заклучно со август е помала за 3,5. Тоа е разликата што платите растат со истата динамика, дури и забрзано, но нивото на инфлација е ниско, односно најниско во регионот.“, додава Мицкоски
Исто така, премиерот истакна и дека одлуката на централната банка на референтната каматна стапка е намалена за 0,25 проценти, а тоа озачува дека полека, но сигурно во овие три месеца и помалку од 100 дена на новата влада состојбата се стабилизира, надежта се враќа и полека економијата оживува.
Лаура Стојанова, М-Нет