Со благодарници, признанија и испраќање на пензионерите денес КБ Штип го одбележа меѓународниот ден на здравјето

Денеска Клиничка болница Штип го одбележа меѓународниот ден на здравјето, 7 април. Денес по тој повод се одржа свечена седница, на која се прочита пораката од СЗО за 2026 година, а свое обраќање имаше и директорот на КБ Штип Владко Захариев

„Најнапред да во го честитам денот на здравството, ден кој не посетува на благодарноста, хуманоста и одговорноста на нашата професија. Ова е ден кога со гордост се навраќаме на се што сем постигнале. Денешната свечена седница има посебна тежина, затоа што оддаваме почит на нашите колеги кои заминуваат во пензија. Вашиот труд, посветеност и пожртвуваност оставија длабока трага во нашата болница и во животите на многу пациенти. Вие бевте столб на системот, пример за професионалност и човечност. Во име на сите вработени ви изразувам искрена благодарност, во посакувам добро здавје, мирни и исполнети пензионерски денови.“ – Владко Захариев директор на КБ Штип

На свеченета седница им беа доделени признанија и благодарници, а на вработените им беа доделени традиционалните награди за непрекинат работен сртаж. На крајот свечено беа испратени и пензионерите од КБ Штип.

„Овие благодарници се мал знак на нашата признателност, но и потврда дека заеднички можеме да постигнеме многу повеќе“

Настанот беше наменет со порака за почит и благодарност кон сите здравствени работници. Присутните ја исполнија салата со аплауз и искрени честитки.

Дајана Сандева, М-Нет