
Од вчера 06.04.2026 офизијално започна мобилната патрола за контрола на паркирањето, со цел подобрување на сообраќајниот ред и зголемување на безбедноста во Штип. Оваа мерка како што истакнуваат од ЈП Стипион е со цел да се воведе поголема дисциплина, ред и ефикасност во користењето на јавниот паркинг простор, Патролата е предвидена да врши редовни контроли со фокус на возила без платено паркирање и неправилно паркирани возила, со што директно ќе се влијае врз намалување на сообраќајниот метеж и подобрување на проточноста низ градот. Новиот систем овозможува побрза и пообјективна контрола, со намален човечки фактор. Наплатата е достапна преку мобилна апликација, веб, СМС порака и терминали во тобако центрите, овозможувајќи лесен и флексибилен пристап за сите граѓани.Во почетниот период ќе се издаваат опомени за дел од прекршоците, по што следува целосна примена на санкции. Се очекува оваа мерка да придонесе за долгорочно подобрување на сообраќајната култура кај граѓаните.
Од ЈП Стипион апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата, со цел создавање побезбеден и поуреден град за сите.
Дајана Сандева, М-Нет