
Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски се закити со уште едно големо признание, штипјанецот кој игра сезона за паметење во дресот на Абердин, го доби признанието за најдобар фудбалер на Абердин за сезоната 2023/2024.
Штипјанецот блескаше во дресот на Абердин на секој натпревар и беше главна алка во осварување на сите цели кои ги имаше овој тим пред себе. Тимот не играше според посакуваното, имаше тренески промени, но Миовски беше главната алка за опстанокот на Абердин во шкотската Премиер лига.
Можеби Миовски веќе ги игра и последните натпревари во Абердин, со оглед на тоа што интересот за штипјанецот е огромен откако интерес покааа Селтик и Глазгов Ренџерс, а во трката од неодамна се приклучи и холандскиот првак Феенорд.
Бојан Миовски е трет најдобар стрелец во шкотската фудбалска елита со 14 постигнати погодоци и две асистенции.
Александар Ванев, М-Нет