Сообраќајна незгода на патот Штип – Радовиш, еден од возачите со тешки телесни повреди

На 02.08.2020 во 02.05. часот на магистрален пат Радовиш-Штип се случила сообраќајна незгода  помеѓу патничко моторно возило „ауди А4“ со штипски регистарски ознаки управувано од Ј.Д.(58) од Штип и патничко моторно возило „бмв Х5“ со бугарски национални ознаки управувано од А.А.(42) од Струмица. По незгодата со возило на итна медицинска помош возачите биле пренесени во Клинички центар Штип каде од доктор на Ј.Д. му биле констатирани тешки телсени повреди, додека на А.А. му биле констатирани повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.