Сообраќајна незгода меѓу такси возило и мотор во Штип, има повредени

Сообраќајна незгода денеска претпладне се случи на улица Борис Краѓер во Општина Штип кога дошло до судир меѓу патничко моторно возило и мотор. Веднаш на лице место излегоа полициски слушбеници, а интервенираа и од Итната медицинска помош. Возачот на моторот е пренесн во Клиничка болница Штип, од каде го потврдија случајот.

„Еден од пациентите е тешко повреден, со повреди на главата и е во Шок соба, другиот е со телесни повреди. Уште се чекаат рентгенските снимки.“ – информираат од болницата.

Полициски службеници од СВР Штип беа на терен, се вршеше увид на местото на настанот, а известен беше и Јавен обвинител. Очевидците кои беа на местото на настанот не сакаа да зборуваат за немилиот настан пред објективот на камерите, но кажаа дека причина според нив е брзото возење, кое е секојдневна слика на оваа улица.