Сообраќајна незгода во центарот на Кочани, две лица се здобиле со телесни повреди

Сообраќајна незгода рано утринава се случи на една од најфреквентните крстосници во Кочани. Во незгодата дошло до судир на две возила, од кои едното завршило на тротоарот, при што ја уништило урбаната опрема која се наоѓала таму. Според очевидци од лице место, до несреќата дошло поради непочитување на првенство на минување на самата крстосница, а среќна околност е што во моментот на несреќата немало пешаци.

Неколку часа подоцна со информации излегоа и од СВР Штип. Велат дека пријавата е во 05:28 часот во полициската станица Кочани. Во незгодата учествувале две возила, товарно возило „мерцедес вито“ со винички регистерски ознаки, управувано од 26 годишен возач од Виница и патничко моторно возило „ренџ ровер“ со кочански регистерски ознаки управувано од 32 годишен возач од Кочани. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот од патничкото моторно возило, а причинета е поголема метеријална штета. На терен увид извршија полисики службеници од ОВР – Кочани.

Лаура Стојанова М-Нет