
Вчера попладне во Радовиш на бул.„Александар Македонски“, патничко возило „фолксваген голф“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(59) од с.Лакавица, удрило во пешаците П.Б.(69) и 10-годишно девојче, двете од Радовиш. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобило девојчето, а со телесни повреди се здобила П.Б., констатирани во ЈЗУ-Радовиш, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.