Втор пик на коронавирусот во Штип

По краткото затишје и пад на бројот на новозаразени на дневна основа минатата недела, во последните три дена во Штип повторно бројот на новодијагностицирани е двоцифрен. Марија Димитрова, директор на „Центарот за јавно здравје„ во Штип вели дека денес се чувствува намалување на бројот на лицата кои се тестираат за ковид 19 по упат од матичен лекар, а поголем број се оние на кои им се вршат контролни тестови откако се избориле со болеста.
Што се однесува до состојбата со инфективното одделение во Клиничката болница во Штип, хоспитализирани се 32 лица. со што капцитетот на ова одделение е скоро пополнет, но доколку има пораст на болни на кои им треба болнички третман, за болните од ковид 19 подготвено е и Одделението за неврологија, информира директорот Ален Георгијев.

Славица Величковска – Мнет.мк