
Со буџет од 2,4 милиони денари општински средства, се работи на оформување на нова паркова содржина на локацијата која кај штипјани е позната како „Аргач“. Заврши асфалтирањето на дел од Аргачот, на површина од околу 900 метри квадратни по што ќе следи комплетно озеленување на околу 600 метри квадратни појаснува директорот на ЈП „Исар“ Штип, Живко Тасев.
Девет клупи, канделабри и друга урбана опрема се планирани за овој простор за кој се верува дека ќе се трансформира во репрезентативна локација за одмор и дружење, смета градоначалникот на Штип Благој Бочварски.
Освен во центарот на Штип, наскоро парк ќе има и во населбата Сењак, на локација позната какао „Тополките“, каде освен зеленило и урбана опрема, ќе бидат поставени и фитнес справи за вежбање и рекреација.
Славица Величковска
Горан Христовски
Виктор Михајловски