Соколот Миа најспецифичното „домашно милениче“ на Мики од Штип

Од видео на интернет до најголемо хоби или љубов кон соколарството. Мики од Штип е еден од малкумината кои како свое милениче има сокол, птица која живее со него, ја храни и ја учи да лови. Оваа птица кај него е од пред четири месеци и како што кажа Мики сѐ уште се прилагодува на околината и на луѓето. Одгледувањето на сокол бара внимание, труд околу неа и вистинска желба да се успее.

Условите за одгледување на соколи не се многу специфични раскажува за М-Нет телевизија Крастов. Потребно е само простор и храна. Соколите се хранат со пилешка храна и тоа под точна грамажа.

Соколите слушаат на одредена грамажа, додава Крстев. На пример неговата птица го слуша на 975 грама вели тој. Јаде еднаш во текот на денот, и моментално преку мамка од месо птицата се учи да слетува на рака.

За Мики ова не е прв сокол птица која тој ја чува. И претходно чувал, но разликата е во тоа што таа била мала земена од јајце, а оваа е стра две ипол години. Но, доколку се посвети доволно внимание тој истакнува дека може да се успее, птицата да се прилагоди на околината, на луѓето истовремено да се научи да лови.