Од глетка на интернет до реализирано хоби. Венцо Арсов од Штип веќе пет години изработува резбани слики, како и слики на стаклени шишња. За М Нет телевизија тој истакна дека случајно ова го видел на социјалните мрежи, му се допаднало како идеја, пробал и денеска одлично изработува вакви слики. Пред се во неговиот асортиман може да се забележат резбани икони, но вели изработува и по нарачка. Од големи слики со Исус Христос до тајната вечера и многу останати содржини деновиве беа изложени на малиот плоштад во Штип. Арсов вели го користи убавото време за овие слики да им ги понуди на граѓаните, но заинтересиранста е се уште мала.

Арсов истакна дека ова го работи како хоби, бидејќи првично како идеја му се допаднало и понатаму навлегол во изработка на вакви дела. Мотивите кај него за сега се икони, но не ја исклучува можноста да работи и некои други. Вели напорно е бара внимание и посветеност, но со доволно љубов кон она што се работи се успева. Ако најмалата резбана слика чини 1500 денари прашавме дали за граѓаните е скапо. За оние кои го препознаваат доброто и убавото вели цената не е проблем.
Потешко е да се егзистира од продажба на резбани слики додава Арсов, особено во Штип. Според него од ова како занает, но и хоби во Македонија би можело да се опстои само во Охрид. Најголемата негова продажба била во соседна Грција, каде луѓето ги купувале ваквите рачно изработени слики.