Смеат ли граѓаните со поставување предмети да си чуваат паркинг место?

Камен, пластичен столб, подвижни и неподвижни предмети може да се забележат на повеќе обележани паркинг места во Штип, но и на јавни површини кои впрочем не се за паркинг услуга. Граѓаните, пред се оние кои живеат во станбена зграда, но и во куќа со цел да зачуваат парикнг место за својот автомобил поставуваат предмети, со кој посочуваат дека паркингот е зафатен. Други пак реагираат до нашата редакција дека тој паркинг е за сите станари на пример, па поединци немаат право да поставуваат предмети и го зафаќаат паркинг местото и кога нивниот автомобил не е паркиран. Недоразбирања многу, често пати и за нарушување на јавен ред и мир. Граѓаните кои сакаа да останат анонимни со порака до нашата редакција го алармираат проблемот кој навидум изгледа едноставен, а впрочем е е доста голем.

Дали ова е дозволено и каква е праксата во Штип, најпрво го прашавме директорот на ЈП „Стипион“, Игор Ефтимов. Тој истакна дека паркинг просторот кој е обележан, а не се наплаќа конкретно кај Здравствениот дом во Штип, кај Средното Музичко училиште, но и на повеќе други локации во Штип, не е во надлежност на ЈП Стипион. Општинскиот ообраќаен инспектор Оливера Блажева по однос на ова прашање истакна дека граѓаните немаат право да поставуваат предмети за да си чазуваат паркинг место. Истовремено додаде дека за истото следуваат и казни. Инспекторот за патишта при Општина Штип , кажа дека во пракса има вакви случаи за кои првично следуваат опомени, а потоа и казни.

„ Да има случаи во Општина Штип каде граѓани поставуваат предмети за да зачуваат паркинг место. Законски ова не е дозволено. Ние излегуваме на терен, Најпрво доколку се соочиме со овој проблем следува опомена по која граѓаните треба да го отрастанат поставениот предмет. Но, се пишуваат и казни. За физичко лице е до 200 евра со тоа што ако се плати во рок од осум дена е 100 евра. Морам да напоменам дека по опомената или евентуално казната нема случаи граѓаните повоторно и повотрно да го практикуваат ова“ – додава инспекторот за патишта.

Инаку, паркинг услугата во Општина Штип е вистинскаи проблем за граѓаните. Се потешко може да се најде слободно паркинг место, а зафатени со паркирани автомобили се и тротоарите и коловозите. Излез од ваквата состојба ќе се бара преку изградба на катна гаража, едно од предизборните ветувања на сегашниот градоначалник Иван Јорданов.

Лаура Стојанова М-Нет