
За одложеното рочиште за штипска Баргала со писмена реакција излегоа од опозициската вмро дпмне. Од таму прашуваат дали по ова граѓаните може да му веруваат на судството во државата.
„Додека отпуштените работници од Баргала, секојдневно се борат за сурова егзистенција, денес се одложува рочиштето за стечајната постапка на Баргала, кое пак отвора сериозни прашања. Дали семејната врска на Градоначалникот на Општина Штип со Баргала е пресудна за привилегиите компанијата ги има во судскиот систем? Дали тоа што Претседателот на Основниот суд во Штип е прв братучед на Претседателот на Општинската Организација на СДСМ во Штип, Александар Кангалов, е клучно да се штитат нивните кадри од бизнис секторот? Дали живееме во време кога граѓаните не можат веќе да му веруваат на судството и се оставени самостојно да се борат против локалните моќници? “ – прашаа од ВМРО ДПМНЕ.
Должни со одговор не останаа ниту од владејачката СДСМ, додавајќи деја судската власт е независна.
„Судската власт е независна и секое нејзино споменување и поврзување со претседателот на ОО СДСМ Штип и градоначалникот е неосновано. Заврши времето на нарачани пресуди и случаи во фиока. Судот и судовите независно и транспарентно денес ги носи своите одлуки што не беше случај со режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ.“ – кажаа од СДСМ.
Лаура Стојанова М-Нет