
Ракометарките на Астибо овој викенд ќе бидат слободни, бидејќи требаше да се соочат на домашен терен во Штип со откажаниот Металург Автокоманда.
Но, овој меч кој е од 20. коло на женската Супер лига, Астибо ќе го добие службено и ќе има службени бодови на своето конто.
Што се однесува до останатите средби, сите три се играат денес. Чаир на домашен терен како голем фаворит игра со Куманово, Пелистер на домашен терен ќе има тешка задача против фаворитот Спартак, а пак шампионот Ѓорче Петров ќе се соочи со Вардар, каде „лавиците“ целат кон нов триумф и нови бодови.
Александар Ванев, М-Нет