
Денес стартуваше пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток со натпреварите од 10. коло. Првото пролетно коло донесе и изнедување во Богданци, а „петарда“ во Виница.
Ланскиот второлигаш Слога во пролетниот дел ќе го брка првото место кое води во баражот за Втора лига, а денес забележа убедлива победа откако со 5:0 го декласираше Дојранско Езеро.
Октај Амедов беше двоен стрелец, а по еден гол во Виница постигнаа и Давид Манџуковски, Михаил Воинов и Булент Сали.
Овче Поле на домашен терен стигна до планираните три бодови, откако на домашен терен преку пресврт дојде до триумф над Карбинци од 4:2. Гостинот прв стигна до водство со голот на Асан Сулиман во 16. минута за 0:1 на полувреме. Во вториот дел Карбинци дојде и до 0:2 со голот на Нешат Димиров во 57. минута.
Домашниот тим потоа брзо дојде до 2:2 со двата гола на Синиша Петров во 64. и 66. минута. По само три минути игра се случи и пресврт Дарко Нацев во 69. минута погоди за 3:2, а веќе во 73. минута Николче Симонов погоди за конечни 4:2.
Тиверија му одзеде важни бодови на лидерот Вардарски во борбата за баражот за Втора лига, откако двете екипи во Богданци ремизираа играјќи 2:2. Миле Ѓеоргиев во 6. минута погоди за 0:1, а веднаш потоа Ване Пандевски во 11. минута ја дуплираше предноста на 0:2.
Домашниот тим преку Илија Балов намали на 2:1 во 14. минута, а во 22. минута Славе Танов погоди за конечни 2:2.
Ударник на домашен терен со 4:1 го декласираше Малеш од Берово, во меч каде Крсте Тодоров беше двоен стрелец за домашниот тим, а по еден гол постигнаа Крстев и Спасиќ. За гостинот од Берово единствен стрлец во 32. минута беше Ерол Пилов.
Во првото пролетно коло екипата на Рудар беше слободна.
Во однос на табелата лидер е Вардарски со 21 бод, на второто место е Овче Поле со 20 бодови, Слога Виница сега е трета со 14 бодови, а толку има и Дојранско Езеро кој е на 4. место.
На петтото место е Тиверија со 10 бодови, Ударник е шести со девет бодови, Малеш е седми со осум бодови, на претпоследното осмо место е Карбинци со седум бодови, а на дното е Рудар со пет бодови.
Александар Ванев, М-Нет