
Третолигашот Слога од Виница е главен фаворит за првото место кое води кон баражот за можен влез во Втората македонска фудбалска лига. Штипскиот стратег Емил Грнев кој седна на тренерското столче на поранешниот второлигаш од Виница успешно ја стартуваше новата сезона.
Слога Виница под водство на Емил Грнев има три од три на стартот од сезоната за максимални девет бодови со кои Слога е на првото место.
Дополнително Слога го има најефикасниот напад со постигнати 14 погодоци, а за нив најзаслужни се Игор Ѓорѓиев и Октај Амедов, кои воедно се најдобри стрелци во Трета лига – Исток со по четири погодоци или вкупно осум, а од друга страна Слога ја има и најдобрата одбрана со само два примени погодоци.
Слога Виница тргна со триумф во Берово над Малеш со 0:3, а потоа во рамки на второто коло со 8:2 ја декласираше Тиверија, додека пак изминатиот викенд со 0:3 славеше во регионалнот дерби во Деллчево над Брегалница.
Четвртата рунда носи големо дерби меѓу некогашниот прволигаш Хоризонт Турново и Слога Виница, меч кој се игра на стадионот „Кукуш“ во Турново.
Александар Ванев, М-Нет