
Повратникот во Втората македонска фудбалска лига екипата на Слога Виница ги започна подготовките за новата сезона 2025/2026.
За новата сезона костурот на тимот остнува речиси ист од минатата сезона, а сега раководството на клубот е фокусирано на ангажман на неколку ваклитетни играчи со цел да се донесе свежина, но и да се зголеми конкуренцијата во сопствените редови за што е можно подобар пласман на второлигашката табела.
Шеф на стручниот штаб и во новата сезона останува штипскиот стратег Емил Грнев, кој успешно ја водеше Слога Виница минатата сезона и низ доминантна сезона стигна до шампионскиот пехар во Трета лига – Исток, потоа во баражот славеше убедливо над Преспа, кој беше шампион во Трета лига – Југозапад и така екипата од Виница се врати во Втората лига.
Како и во претходниот подготвителен период, така и во овој Слога приклучи неколку играчи од сопствената младинска школа, кои ќе добијат шанса на закажаните пријателски натпревари, со цел да се наметнат за во првиот тим.
Како што информираат од клубот во следниот период и официјално ќе бидат соопштение пријателските натпревари и датумите за нивно одигрување, како и промоцијата на новите играчи.
Во новата сезона пет екипи испаѓаат директно, а три играат бараж, што значи за директен и сигурен опстанок екипите ќе треба да бидат во првите осум. Новата сезона започнува на 23 август.
Александар Ванев, М-Нет