
Алкалоид за да се пласира во групите на Европската лига на ЕХФ ќе мора да го доби бундеслигашот Хановер, тимот на Кирил Лазаров го доби најтешкиот противник.
Првиот меч ќе се игар на 30 или 31 август, реваншот е за 6 односно 7 септември. Минатата сезона Алкалоид го освои ЕХФ Купот.
Екипата на Охрид оди диретно во второто коло на ЕХФ Купот, а за противник го доби Баку од Азербејџан. Тиквеш за противник го доби турскиот шампион Бешикташ.
Бутел Скопје веројатно и ќе ја има најлесната задача откако доби противник по мерка, ќе се соочи со Дуделанж, а доколку триумфира Бутел тогаш во второто коло на Европскиот куп ќе се соочи со Раховце од Косово.
Првите натпревари се закажани за 11 односно 12 октомври, а реваншите се за 18 односно 19 октомври.
Во женска конкуренција Македонија ќе има четири претставници во Европскиот куп на ЕХФ. Шампионот Ѓорче Петров ќе игра директно во третото коло, а пак Металург Автокоманда, Чаир и Куманово во второто коло.
Металург Автокоманда го доби Ред Бојс Диферданж од Луксембург, екипата на Чаир ќе игра со Ајдовшчина од Словенија, а пак Куманово со Каскада од Литванија.
Натпреварите од второто коло на женскиот Европски Куп на ЕХФ се закажани за 27 односно 28 септември, додека реваншите на 4 односно 5 октомври.
Александар Ванев, М-Нет