
Штипјани почувствуваа нов афтершок по земјотресот кој ги разбуди предминатата вечер. Потресот се почувствува во 16:21 часот со 2,4 по Рихтеровата скала, епицентарот е на 2 километри од Штип со длабочина од 2 километри.
Инаку, ова е еден од афтершоковите по земјотресот со магнитуда од 3 степени според Рихтеровата скала, кој предминатата вечер ги разбуди и испаничи граѓаните на Штип, особено бидејќи на мобилните телефони добија предупредување дека земјотресот е со 4,6 степени.