Скромно, без настани одбележан 1 април – денот на шегата во Штип

Без шега, смеа и големи настани овогодишиот први април во Штип. Денеска скромно само дечињата и ученици под маски во градинките и училиштата го одбележаа самиот ден. Немилиот настан од Кочани, се уште го чувствуаат сите, па затоа денес, секој во својата училница само ја истакнаа својата креативност.

Дечињата пред камерите на М-Нет телевизија ги истакнаа своите маски, презентирајки ги и покажувајки своите ракотворби

Лица под маски имаше и во основните улилишта во Штип и во секое едно имаше само скромно одбележување на денот 1 април. Во претходните години Општина Штип исто така беше организатор на манифестации по повод денот на шегата, каде што децата низ дефиле, презентација и избор за најдобра маска го одбележуваа самиот ден. Инаку, точниот датум и причината за потеклото на овој празник не се познати, но многу историчари се согласуваат дека почетокот на прославувањето на Денот на шегата може да се поврзе со настаните од 16 век кога Франција се префрлила од јулијанскиот на грегоријанскиот календар.

Иван Митев, М-Нет