Скопје и Шкендија Арачиново нови прволигаши, Тетекс избори опстанок во Втора лига

Екипата на Тетекс и следната сезона ќе игра во Втора лига, откако со 9:0 славеше над Влазними на стадионот во Ѓорче Петров.

Во меч на тотална доминација, тимот од Тетово имаше лесна задача и следната сезона ќе биде во второлигашкото друштво.

Брера испадна во Втора лига, откако загуби од Скопје со минимални 0:1, со што тимот од Автокоманда преку бараж се врати во Втора лига.

Градскиот стадион во Кавадарци носи среќа за Шкендија Арачиново, овој пат тимот на Берат Имери испиша историја и обезбеди влез во Прва лига, откако во пенал рулетот го доби Пелистер, кој од следната сезона ќе биде во Втора лига.

Во регуларниот дел резултатот беше 1:1, а во пенал серијата херој за Шкендија Арачиново беше Антонио Столевски.

Александар Ванев, М-Нет