
На 28.06.2021 во 14.50 часот во СВР Штип, од Итната медицинска помош Штип било пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош бил донесен Ш.Ј.(53) од Скопје, кој работел на уредување на дворно место во куќа во Штип. И покрај укажаната лекарска помош Ш.Ј. во 14.30 часот починал. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип. За случајот бил известен Јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било предадено за обдукација, по што било констатирано дека нема траги на насилство.