Скап за штипјани остана и првиот петок по Велигден на пазарот во Штип, се купуваше по малку

И денешниот петок по Велигден остана скап за пазарџиите на пазарот во Штип, се купуваше од се по малку. Најбарана беше зелената салата, младиот кромид, компирот, а веднаш потоа и шарениот грав и оризот, прозиводи без кои не може да помине седмицата. Граѓаните велат скапо е, но реално и мора да се јаде. Важно е велат, производите да се квалитетни и да имаат домашен вкус.

Продавачи дури од Лесковица, велат цените се идентични како претходно, побарувачката голема. Сите производите денес беа согласни, ако цените ги намалат, ќе работат без заработувачка.

Дополнително овој петок, се продаваше пролетни и летни цвекињата во избобилие, како и многу количини на мед, прополис, полен. Дополнително се продаваше свежи јајца, за оние кои што се уште вапсуваат до Спасовден, како и домашно млеко и урда.

Иван Митев, М-Нет