
Секојдневието станува се потешко, а зборот „скапо“ веќе не е опис, туку реалност во која живеат граѓаните. Од пензионери што најголем дел од приходите ги трошат на лекови, до работници кои велат дека „со игла леб јадат“, сликата е иста, велат борба од први до први. Храната и сметките ги голтаат платите, додека облеката и другите потреби одамна се ставени на страна. Дел од анкетираните велат дека под 40.000 денари не може да се преживее, други пак дека и 1000 евра денес се доволни само за основно опстанување.
Граѓаните велат дека трошоците растат побрзо од приходите, оставајќи малку простор за достоинствен живот. Според нив, и повисоките плати денес не значат сигурност, туку само обид да се покријат основните потреб
И покрај се, граѓаните не ја губат надежта дека работите може да се променат на подобро. Веруваат дека со време ќе дојдат подобри услови и поголема сигурност за сите.
Дајана Сандева, М-Нет