
Ковид ситуацијата во Штип речиси непроменета. Хоспитализирани во Клиничка болница Штип се 93 ковид пациенти од кои 45 во модуларната ковид болница и 48 на Инфективното одделение. Солобдни се 11 места, едно во модуларната болница и 10 на Инфективно одделение без можност за кислородна поддршка, информираше потпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска. Едно лице на 83 годишна возраст од Штип ја изгубило битката со ковид 19 изминатото деноноќие. Од хоспитализираните пациенти 60 имаат потреба од кислородна поддршка.И во кочанската Општа болница со проширена дејност Кочани, ситуацијата вообичаена. Хоспитализирани се вкупно 27 пациенти од кои 25 во модуларната ковид болница и 2 на Физиклана медицина. Слободни се 20 кревети, 10 во модуларната болница и 10 на Физикална медицина. 20 пациенти се на кислородна поддршка, а две лица ја изгубиле битката со ковид 19 во последното деноноќи. Директорот на кочанската Општа болница со проширена дејност, во телефонски разговор за М-Нет телевизија, истакна дека моментално ковид пациенти во Кочани се примаат не само од Источниот дел на државата туку и од пошироко. Меѓутоа, засега состојбата е стабилна. Мерките и препораките како и нивното почитување остануваат исти и задолжителни.
Според информации од Министерството за здравство Досега во земјата се направени вкупно 695.267 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.995, бројката на оздравени пациенти е 124.828, на починати е 4.509, а бројот на активни случаи изнесува 18.658.
Лаура Стојанова М-Нет