Уште една хуманитарна акција предводена од Аце, раѓа насмевки кај нови лица

По 14 дневна акција,  куќата во с.Ерџелија, светиниколско, денеска доби нов кров. По првобитната состојба во која е најдена и видена куќата од страна на хуманитарецот Александар, ден по ден сликата е се поинаква. Со изградба на нов простор наменет за кујна и тоалет, реновирани соби, нови врати и прозори, денеска можеше да се забележи и нов кров. Со доста напор и труд, собирајќи донации од сите страни, барајќи волонтери, па до работна рака, желба и елан за работа, првичното невозможно за Аце денеска станува реалност, па и Виолета ќе може да ужива во свој топол дом.

Александар е задоволен од доациите кои пристигнуваат, но истовремено не се штеди самиот себеси, па цело време работи постојано со мајсторите. Од реализиација до идеја е неговото мото под кое тој успешно го завршува секој започнат проект. Со добар тим околу себе се гледа крајот и на оваа хуманитарна акција.

А помошта секогаш оди онаму каде е најпотребна. Семејството од с.Ерџелија, госпоѓа Виолета живее со нејзиниот сопруг и син. Двајцата со здравствени проблеми, синот неподвижен, бараат посебна грижа и нега. Оставена да се бори сама со судбината, Вилоета за прв пат гледа надеж во иднината, го замислува својот нов дом, како и подобар начин на живот. Неизмерната благодарност кон Аце, таа не ја сокри од камерите на М-Нет.

Да се живее во сиромаштија и беда со години, оставен сам на себе, значи да се живее скромно. Желбите на госпоѓа Вилолета не се невозможни, откако како што вели таа и се решава полека станбеното прашање не и е потребно уште многу. Бара само вистинска грижа за нејзниот син кој постојано е во постела. Моли за помош од институциите, болниците со цел да го види својот син на нозе.

Александар со ова завршува уште една хуманитарна акција во која на крајот на денот со насемвка остава за себе уште едно семејство. Неговите дела не запираат овде, но како што вели тој не се знае каде ќе биде потребен кому и кога, важно е само да се има желба за помош.

Лаура Стојанова М-Нет