
Ситуацијата со Ковид 19 во Источниот дел од државата речиси вообичаен. Во Клиничка болница Штип во изминатото деноноќие хоспитализирани се 91 пациенто од кои 45 во модуларната ковид болница, и 46 на Инфективното одделение. Слободни се 14 кревети, 1 во модуларната ковид болница и 13 на одделението за инфективни болести без можност од кислородна поддршка, информираше потпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска. Бројот на лица на кои им е потребен кислород 61. Изминатата ноќ во штипската клиничка болница, битката со ковид 19 ја изгубиле две лица едно од Штип на 72 годишна возраст, и едно лице од Виница 68 години. По стабилна е ситуацијата и во кочанската Општа болница со проширена дејност. Директорот на оваа установа, Александар Серафимов во телефонски разговор за М-Нет телевија истакна дека бројката на ковид хоспитализирани се намалува. Вкупно 28 пациенти се згрижени во модуларната болница, и 2 пациенти на одделот за Физикална нега. Слободни се 6 кревети во модуларната ковид болница и 9 на Физикална медицина. Овде бројот на лица кои имаат потреба од кислородна поддршка намален односно таква потреба се јавува кај 15 лица. Регистриран е еден починат пациент на 79 годишна возраст од Кочани.
Според информации од институтот за јавно здравје Досега во земјата се направени вкупно 691.255 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.094, бројката на оздравени пациенти е 122.810, на починати е 4.443, а бројот на активни случаи изнесува 19.841.
Лаура Стојанова М-Нет