
Студенти од Србија, Грција, Бугарија и Турција се запишуваат на УГД во Штип.
Најголем интерес има од Турција, каде што најмногу студенти се запишуваат на студиските програми на англиски јазик, но интерес има и од Србија, особено за одредени студиски области.
Од Универзитетот велат дека дополнителен интерес очекуваат и со воведувањето на новите студиски програми на англиски јазик по фармација и стоматологија.
Очекуваат овие програми дополнително да го зголемат интересот кај странските студенти.
,,УГД станува атрактивен веќе подолг период за повеќе земји, посебно за земјите од опкружувањето. Имаме пријавено студенти од Србија, Грција, од Бугарија, посебно од србија имаме има интерес од Србија во одредени сфери. Мислам дека на студиските програми, воведени се и две нови студиски програми на англиски јазик и на фармација и на стоматологија. Мислам дека и тие ќе побудат доста интерес кај студенти. Имаме студенти од западно-европските држави, како што кажав на англиските студиски програми, најголем дел од студентите се од Турција, меѓутоа структурата се менува.“, вели Мираковски
Ректорот Дејан Мираковски вели дека Уиверзитетот нуди студии на англиски јазик во различни области, од медицина и информатика до економија и музика.
,,Значи студиски програми во моментот акредитирани студиски програми на кои што вршиме упис имаме на факултетот за медицински науки три студиски програми, тоа се општа медицина, фармација и стоматологија на англиски јазик. На факултетот за информатика имаме компјутерски науки студиска програма. На екомонски имаме и на акедмиите на англиски јазик. На пример џез групата привлекува студенти од цел балкан. Во Штип студираат деца од Белград од другите градови во околината.“, кажа Мираковски
Според ректорот Мираковски, уписите од минатата година, споредбено со уписите од оваа година, има зголемен број на пријави за околу 28 проценти.
Иван Митев, М-Нет