100 вакцини „Астра Зенека“ пристигнаа утринава во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ Штип

Нова пратка на вакцини од производителот „Астра Зенека“ утринава пристигнаа во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ во Штип. Со ова продолжуваа вакцинација на повозрасното население, а заинтересираност има, потврди директорката на Здравствениот дом, Снежана Трајковска.

„ Утринава во Здравствениот дом „Панче Караѓозов пристигна пратка од 100 вакцини „ Астра Зенека„. Повозрасните граѓани може да се пријавуваат до 29 април годинава до кога има слободни термини, истовремено и обезбедено вакцини за имунизација на населението. Вакциналниот пункт во Штип моментално работи во една смена, кога се врши вакцинацијата. Има заинтересираност, а граѓаните пријавувањето може да го вршат преку своите Матични лекари. До сега кај нас се вакцинирани околу 450 лица“ во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна Трајковска.

Вакцинирањето со вакцините на „Астра Зенека“ се врши во повеќе градови во државата на веќе постоечките вакцинални пунктови. Во кочанската Општа болница со проширена дејност закажани термини за вакцини има уште два дена и за овие денови има обезбедено вакцини. Досега овде се вакцинирале околу 500 лица, истакана директорот Александар Серафимов.

Лаура Стојанова М-Нет