Министерството за здравство информира дека во моментов сите хируршки сали во клиничкиот центар се во целосна функција.
Од клиниките за торакална хирургија, кардиохирургија, урологија, детска хирургија, пластична хирургија, дигестивна хирургија и ОРЛ информираат дека непречено ги третираат сите пациенти, вклучително и пациентите предвидени за елективни оперативни зафати. Во овие клиники нема одложување на оперативната програма. На Клиниката за ТОАРИЛУЦ во моментот се згрижуваат итните пациенти, согласно тековната организација на работата.
Според најновите информации, резервниот (back-up) систем за климатизација функционира непречено и обезбедува соодветни услови за работа и третман на пациентите во клиниките.
Инаку, бројот на хируршки интервенции бележи намалување во летниот период, што е вообичаена појава и не е поврзана со состојбата на системот за климатизација, велат од Здравство.
Министерството апелира сите информации поврзани со функционирањето на здравствениот систем да бидат претходно проверени, со цел да се избегне создавање непотребна загриженост кај граѓаните.
Текстот Сите хируршки сали во клиничкиот центар се во целосна функција, велат од Министерството за здравство е превземен од МАКФАКС.