Надминати недоразбирањата во ЛЗ „Ловец“ – Штип, избрано новото раководство

По недоразбирањето, членовите на ЛЗ „Ловец“ Штип „ја смирија топката“. Никола Костадинов едногласно е избран за нов претседател, а Далибор Ѓорѓиев за заменик претседател на Здружението. Прегласувањето за изборниот процес се изврши во текот на вчерашниот ден со што ЛЗ сега регуларно ги има избрано сите тела.

„Со апсолутна поддршка на сите членови на УО бев избран за претседател на ЛЗ Ловец Штип. Надминати се сите проблеми и недоразбирања, одржани се фер и регуларни избори на кои јас и колегата бевме избрани со апсолутно мнозинство. Избрани се сите тела на ЛЗ. Благодарност до сите членови, продолжуваме со сите проекти“, вели Костадинов.

„Поздрав до членовите на ЛЗ Ловец – Штип. Нашето ветување дека проблемите ќе бидат надминати, кои беа настанати во изминатиов период, е исполнето. Завршени се изборите, избрано е претседателство, избрани се работни тела, избрани се претседател, јас како потпретседател, Собрание, Управен одбор. Апелирам да ја продолжеме соработката со сите членови за доброто на Здружението кое има историја повеќе од 80 години во Штип“, додава Ѓорѓиев.

Во меѓувреме, ЛЗ продолжува со реализација на проектите коишто се започнати, а новото раководство го наследува со имот вреден 300.000 евра.

Новото раководство ги повика сите членови на Ловечкото здружение да ја исполнат својата обврска за подмирување на членарина.

Ребека Спасова М-Нет