Коцев: Бадијала ќе ви се парите кога ќе ја нема водата!

Потрошувачката на вода во Штип од ден на ден се поголема. Од направените аназлизи, за едно деноноќие излезот на вода е различен, меѓутоа се забележува видно зголемена потрошувачка. Директорот на ЈП „Исар“ Здравко Коцев, посочи дека и одредени приградски населби остануваат без вода, бидејќи истата не ја користат само за пиење и лична хигиена, туку и за наводнување на нивните посеви.

„Во 17 часот влезот во филтер станицата е 208 метри кубни, излезот доаѓа до 392 метри кубни, значи двојно. Истото се случува и во 20 часот се до 23 часот. Понатаму се нормализира. Во утринските часови доаѓа, еве во 6 часот влезот бил 245 метри кубни, излезот 228 метри кубни.“ – истакна Коцев.

Коцев ја истакна и штипската населба Караорман која троши најмногу вода, споредбено од 2019 до 2021 година.

Во склоп на ова се и енормните сметки за неплатена вода, како и загубите на истата, па Коцев повторно апелираше до граѓаните водата да се користи најрационално што може, бидејќи еден ден ќе имаат финансиски средства, но ќе нема вода.

Лаура Стојанова М-Нет