
Синоќа околу 2 часот се случила тешка сообраќајна незгода во Штип. Мотоцикл удрил во автомобил на крстосницата на ул. Христијан Тодоровски Карпош. Мотоциклистот и неговиот сопатник со тешки телесни повреди биле пренесени во Клиничката болница во Штип. Повеќе детали во врска со овој случај од СВР Штип се очекуваат во текот на денот.