Не е завршена втората паркинг платформа во Општина Штип, но истата веќе се користи без наплата

По изградбата на првата паркинг платформа во Општина Штип, спрема трговскиот центар, во завршна фаза и е втората ваква платформа спрема театарот во градот под Исарот. Оваа паркинг платформа се предвидува барем делумно да го задоволи проблемот со паркирањето кое преставува ноќен кошмар за граѓаните во Општина Штип. Сеуште истата не е пуштена во употреба но, маката не ги изостави граѓаните па истите веќе паркираат на неа. Засега не се наплаќа, но се користи.
„Новата платформа сеуште не е дадена во владение на ЈП „Стипион“, таа званично сеуште не е завршена. Се надевам дека во скоро време од страна на Одделението за комунални работи ќе биде предадена на ЈП„Стипион““ – истакна Протогеров.
Кога точно ќе заврши официјално нејзината финализација не се знае, бидејќи побаравме одговор од надлежните но, и тие сеуште немаат информации за конечниот краен рок кога истата ќе биде пуштена во употреба. Како и да е, барем одреден временски период на оваа паркинг платформа, граѓаните во Општина Штип, ќе можат да ги оставаат своите автомобили и да завршуваат дел од своите обврски, без притоа да плаќаат за оваа услуга. Бидејќи со изградбата на двете нови паркинг платформи не се задоволуваат во целост потребите на граѓаните, и истовремено не се остава простор за пешаците, предвидено е изградба и на катна гаража.

Лаура Стојанова М-Нет