Посебен влез, уреден надворешен простор, и сала за стотина луѓе – Штип го подготвува првото кино

Во тек се подготовките за преадаптација на салата во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ во Штип во сала за кино. Седиштата се извадени, моментално се работи за приспособување на бојата на ѕидовите согласно потребите за кино, проекторот е нарачан и треба да пристигне кон крајот на месец март, за веќе во април да се оставри првата кино проекција во Штип. Ќе се работи и на надворешниот дел. Предвидено е да се направи нов влез за во кино салата, да се постават мотажни тоалети, како и да се преуреди простотор пред сегашниот мултимедијален ценатар, со што ќе се овозможи целосно уживање на граѓаните.

„На барање на граѓаните во текот на 2022 година Општина Штип овозможи услови да се закупи дел од просторот во Мултимедијалниот центар. Потпишан е договорот. Веќе се работи во Мултимедијалниот центар, извадени се седиштата и ѕидовите на просторот се адаптирани за проектирање на филмови. Во моментот исто така имаат нарачано проектор кој ќе стигне некаде во крајот на месец март и се надеваме дека во месец април ќе ја имаме првата кино проекција во Штип.“ – кажа Шорова Ангелова.

Платното кое ќе се постави во кино салата во Штип ќе биде најголемо, однонсо поголемо од тоа во Свети Николе и Велес. Салата е предвидена за стотина граѓани кои во најмодерни услови ќе може да гледаат филм.

„Она што е важно е дека во Штип самото платно кое ќе биде поставено ќе биде најголемо, односно поголемо и од она во Свети Николе и од она во Велес. Оваа сала е проектирана за над 100 луѓе“ – додава Ангелова.

Штип е оставен без кино повеќе од 15 години. Граѓаните на терен барем оние повозрасните велат дека кино е повеќе од потребно и очекуваат истото да се отвори во градот.

Лаура Стојанова М-Нет