
Сирење и лубеница – летна комбинација која и годинава остави дилема дали одат заедно ?
Најголем дел анкетирани граѓани во Штип, велат вкусно, се јаде, ама не како порано. Лубеницата понекогаш велат е луксуз, сирењето исто, па некако велат се исфрлаат старите навики. Но, децидни се тие оти оваа комбинација знае се уште да се најде на трпезите кај граѓаните, кога си доагаат дома од работа и им треба брз ручек, без да готват на високите температури.
Наместо тоа, оние што лубеницата не ја јадат со сирење или пак воопшто не јадат, велат дека приготвуваат домати и пиперки. Како што велат сирењето оди само со оваа летна вариајнта
На крајот, она што останува е дека се е до вкусот. Некој не може да ја замисли лубеницата без парче сирење, а некој вели дека тоа никако не оди заедно. И едните и другите велат оваа летна комбинација се уште си има свои верни љубители. Додека има лубеница, ќе има и расправа дали со сирење е повкусна.
Иван Митев, М-Нет