
Сѐ уште не е започнат откупот на оризова арпа за стокови резерви од кочанско. Оризопроизводителите очекуваат наредниот период државата да започне со откуп на оризовата арпа со што за 50% ќе се продадат резервите од претходната реколта. Засега како што истакна Стојче Ташовски познато е дека цената ќе биде 37 денари за килограм и дека ќе се откупат околу 2400 тони.
„Ние очекуваме да почне. Според одредбата не е точно предвидено кога ќе почне и заврши откупот за стокови резерви за оризот. Имаме информации дека цената ќе биде 37 денари и дека ќе се откупат 2400 тони оризова арпа. Ќе се намали за 50 % оризот кој го складираме во нашите магацини.“ – вели Ташовски.
За квалитетот на ориз се уште е рано да се зборува, бидејќи водата беше пуштена доцна, со што задоцни и овогодинешната сеидба. Но, оризопроизводителите се надеваат на добар род и квалитетно зрно, бидејќи сегашните информации се дека има доволно вода за сите ниви.
„Сѐ уште е рано да се каже бидејќи сеидбата започна доцна. Засега информациите се дека вода има доволно. Се надеваме дека оваа година нема да има критични точки каде ќе горат нивите.“ – додава Ташовски.
Проблем е набавката на семенски материјал, за покрупни сорти ориз, вели Ташовски, па дециден дека се снаоѓаат со она што останало од претходните години.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет