Се уредуваат влезови пред станбени згради на улицата „Сутјеска“ во Штип, ќе се добијат и нови паркинг места

Во тек се градежни активности на улицата „Сутјеска“ во Штип. Се работи на уредување на тротоарските површини, а потоа ќе се пристапи и кон поставување заштитни столпчиња. Со ова ќе се обезбеди поголема безбедност за пешаците. Дополнително ќе се работи и на обезбедување на повеќе паркинг места за жителите од станбените згради. Градоначалниот, Иван Јорданов, од лице место посочи дека општината издвои нешто повеќе од еден милион денари со цел да уреди површина која претходно била амортизирана и оштетена.

„Овде се работат тротоарски површини и влезови на две станбени згради. Овие површини беа амортизирани и оштетени. Ставено е се ова во програмата за уредување на градежно земјиште. Се надевам дека со уредувањето на површините пред станебните згради ќе се направи повеќе паркинг простор за возилата кои се во сопственост на жителите од станбените згради. Предвидуваме тротоарите да се уредат за пешаците и ќе се постават заштитни столпчиња. Повеќе од еден милион денари ќе бидат потрошени од Буџетот на Општина Штип за уредување на овие тротоарски површини.“ – вели Јорданов.

Јорданов посочи дека во меѓувреме се работи на неколку локации во градот Штип, речиси во сите населени места. На терен ќе се работи се додека дозволуваат временски услови, посочи тој. Целта е да се работи на исполнување на потребите на граѓаните, решавање на нивните проблеми, за подобар изглед на градот и подобро место на живеење за жителите.

Лаура Стојанова М-Нет