Се санираат штетите од вчерашното невреме во Кочани, граѓаните да пријавуваат штети

Се санираат штетите од вчерашното невреме кое ја погоди општина Кочани. Едно од најпогодените училишта е ОУ Кирил и Методиј, каде речиси сите простории се под вода. Директорот Даниел Кралев истакна дека дојават за поплава ја добиле во утринските часови и веднаш отишле во училиштето. Помош во санирањето на штетите и пружиле и ТППЕ Кочани како и од КЈП Водовод.

„Буквално сите простории во училиштето се поплавени, како подрумските простории така и канцеларискиот дел, па и училниците“ – кажа Кралев.

Се што можеше да забележи нашата камера е поплавени училници ,канцеларии,подрумски простории, сликата страшна. Штетата од невремето е одгормна, додаде Кралев.

Првиот човек на оптина Кочани ги повика сите засегнати страни да ги пријават своите штети.Тоа може да го сторат на веб страницата на оптината и во едношалтерската канцеларија каде ги има потребните образци за пополнување.

„Покрај активностите на терен, Опшштина Кочани на својата веб страна и во едношалтерската канцеларија има поставено образец преку кој можат граѓаните да ги пријавуваат штетите. Еве на овој начин ги повикувам сите кои имаат претпрено штети дали физички лица, иднивидуални граѓани или правни субјекти да ги пополнат соодветните образци за комисијата да може благовремено да ја заврши својата работа“ – кажа Папазов.

Папаов истакна дека на терен се надлежните се работи по приоритети, за санирање на штетите. Тој истакна дека до крајот на денот видливите и посериозни штети ќе бидат отстранети и санирани.

Лаура Стојанова М-Нет